Некогаш популарното име во САД и Англија, Керен, кое се поврзува со привилегирани бели жени, во моментов според официјалните статистики почнува да се користи сè помалку. Последниве години името Керен стана синоним за одреден тип на жена – таа е белкинка, има карактеристична фризура, припаѓа на средната класа и секогаш бара да зборува со менаџерот на одредено место кое го посетува. Во последно време таа е и синоним за тие што не носат маска за време на пандемија и се јавува на полиција да пријавува невини Афроамериканци. Како што растеше популарноста на мемето, се чини дека тоа имало обратен ефект на самото име, кое има сè помала популарност уште од деведесеттите години наваму. Особено паднала популарноста на името во Англија и Велс каде според Канцеларијата за национална статистика во 2019 година само 14 бебиња ги крстиле Керен од 21 во 2018 година. Овој тренд не е отсега, во 1996 година се родиле 76 бебиња што биле крстени Керен, додека една декада подоцна бројот се намалил на 43. Ако овој тренд продолжи името може целосно да исчезне.
Истражувачите велат дека влијанието на популарната култура е очигледно кога се работи за популарност на имиња, а архетипот Керен што се прошири на социјалните медиуми како и тинејџерите кои ја имитираат Карен на Инстаграм секако дека придонесуваат за тоа. Кога сме кај Инстграм и мемињата Керен на следниве профили @karengohome, @dailykarens и @karengoesbrrrr може да ги видите најсмешните мемиња за Керен.
А и новите вести исто така не одат во прилог на името Керен. Терин Менинг од Orange Is The New Black ќе глуми во новиот трилер инспириран од Керен, во кој белкинка (која се вика Керен) го тероризира својот сосед кој е поддржувач на движењето Black Lives Matter.
Извор: dazeddigital.com