Веста за соработката помеѓу култните Мелем и Краш , предизвика вистинска еуфорија кај сите оние кои пораснаа со нивните производи. Нивната заедничка колекција на козметика, која ги комбинира добро познатите квалитети на Мелем со носталгичните мириси на Кики бонбоните, многу брзо ги освои срцата на потрошувачите и веќе се вистински хит.
Засега, овие слатки носталгични производи се достапни само на хрватскиот пазар. Сепак, големиот интерес и позитивните реакции од целиот регион не оставаат сомнеж дека многумина со нетрпение го очекуваат нивното појавување и на другите пазари. Остануваме со надеж дека наскоро ќе можеме да уживаме во оваа уникатна колекција и кај нас!
Посебен хит на колекцијата се балсамите за усни кои се достапни во три верзии: Berry, Zesty и детски Тути Фрути балсам. Тие обезбедуваат интензивна нега и хидратација и убаво ги измазнуваат усните. Berry и Zesty оставаат лесна трага на боја на усните, како сјај за усни.
Колекцијата ги комбинира препознатливите квалитети на Мелем со слаткиот и овошен вкус на Кики карамелите. Оваа соработка претставува спој на традиција и носталгија, враќајќи ги во сеќавањата на многу генерации на нивните омилени производи од детството.
Пакувањата на производите од новата колекција се дизајнирани да потсетат на изгледот на оригиналните Мелем и Кики производи, со препознатливите бои и логоа. Визуелно потсетување дополнително придонесува за носталгичниот ефект на колекцијата.