Cricket Lighters е трет по големина производител на запалки во светот. Почетоците на компанијата се во Анеси, Франција, 1961 година каде ја имаат произведено првата запалка за секојдневна употреба.
По повод нивниот 60-ти роденден тие ги повикаа дизајнерите од целиот свет да учествуваат на натпревар за најдобар дизајн на лимитирана колекција запалки.
Темата на овој натпревар беше креирање на лимитирана колекција за 60 годишнината од постоењето на Cricket Lighters. Во однос на самиот дизајн, на интерпретација на дизајнерите беше да одберат тема и техника за начинот на толкување на своја приказна претставена преку дизајн, со единствено барање дизајнот да предизвика интерес кај потрошувачите.
„Натпреварот беше отворен за дизајнери од целиот свет. Пристигнати беа повеќе од 300 дизајни, од кои беа одбрани осум за понатамошна квалификација. Истите беа прикажани на Инстаграм страницата на Cricket Lighters, каде по пат на јавно гласање беше направена прелиминарна селекција. Поделбата беше во две групи од 4 колекции (според тематиката), каде по пат на јавно гласање со колекцијата – the Modernist – бев избрана за победник. Поради интерес на социјалните мрежи, двете колекции кои беа победници во своите групи беа поставени една спроти друга за гласање.“, вели Тамара.
На официјалниот натпревар, настрана од социјалните мрежи, финално беa избрани три колекции, односно три дизајнери чии колекции беа одбрани да ја презентираат 60 годишнината на Cricket Lighters. The Modernist на Тамара е една од нив! Понатаму останува дизајнот да биде промовиран на дистрибутерите ширум светот и пуштен во продажба.