Македонската е-спорт репрезентација стана европски првак во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“, откако славеше по пресврт со 2-1 во финалето против Украина, па така ги обедини европската и светската титула. Македонија минатата година, на 18 ноември стана и светски шампион откако во финалето ја победи Романија со 2-0.
Украина почна подобро и убедливо со 16-5 победи на мапата „Даст 2“, но потоа следуваше пресврт, Македонија со 16-5 славеше на мапата „Мираж“, а со 16-13 беше подобра на мапата „Вертиго“ и така со 2-1 го доби финалето.
Европското првенство во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“ имаше награден фонд од 25.000 долари со тоа што освојувачот, односно Македонија доби 10.000 долари.
Македонските херои кои ја израдуваа јавноста се Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Даниел “dan1” Глигоров, Павле “stYleEeZ” Стојановски, Кристиан “Cryveng” Трпкоски.
Кантер страјк репрезентацијата на Македонија веќе некое време бележи фантастични резултати, ние сме најдобри и во светот откако минатата година со победа над Романија станавме и глобални шампиони.