Европските музеи имаат некои од најдобрите ремек-дела од уметноста и најстари антички артефакти. Но, за да се погледнат овие дела и предмети не е секогаш лесно. Многу често во музеите има долги редици за влегување, а не секогаш може и да се стигне до посакуваните дела поради гужвата во самите музеи. Летово неколку музеи низ Европа ќе прават онлајн тури и виртуелни изложби.
- Rijksmuseum, Амстердам
Националниот музеј на Холандија годишно има повеќе од 2.5 милиони посетители, а таму може да се видат уметничките дела на холандските сликари, вклучувајќи ја и „Ноќна стража“ од Рембрант и „Млекаркара“ од Вермеер.
- Британскиот музеј, Лондон
Овој огромен музеј ја има една од најголемите колекции во светот. Од античкиот исламски свет до Египетските мумии, има за секого по нешто.
- Музејот на скршени срца, Загреб
Музејот има стотици донирани предмети поврзани со раскинувања и скршени срца кои сведочеле на љубовни врски. Предметите често се рефлексија на љубовта и загубата, а голем дел од колекцијата е достапна и онлајн.
- Ватиканските музеи, Ватикан
Овие музеи се дом на големи уметнички колекции собирани од 17 век наваму. Влезот е 17 евра, но онлајн е бесплатно и се нудат виртуелни тури од 360 степени.
- Музејот-театар на Дали, Фигаро
Посветен на животот и работата на надреалистот Салвадор Дали, овој музеј е уметничко дело сам по себе. Украсен со кифлички и јајца како и масивни верзии на оскаровската статуетка, музејот е всушност и гробница на уникатниот уметник што ја исполнува неговата последна желба тој да биде погребан во внатрешниот централен дел.
- Пергамон музејот во Берлин
Пергамон музејот се наоѓа во склопот на музејскиот остров во историскиот центар на Берлин но многу од изложбите се достапни и онлајн. Како што кажува и името на музејот, најпозната од изложбите е за Пергамонскиот олтар, величествена градба нарачана од античкиот грчки крал Евмен II.
- Лувр, Париз
Ако некогаш сте биле во Лувр знаете колку е тешко да се стигне до познатата Мона Лиза и тоа на три метри од неа. Делото е толку популарно поради што има огромна гужва околу сликата и мора да се пробиете низ гужвата за да ја видите убаво. Но, музејот наскоро ветува апликација која виртуелно ќе ја „оживее“ преку визуелизација со панорама од 360 степени. Дотогаш, Лувр има одлични онлајн изложби кои се движат помеѓу уметноста, политичката моќ и Дарт Вејдер.
Извор: Euronews