Американскиот претседател Џо Бајден ја објави првата фотографија во боја од длабоката вселена, направена со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.
Телескопот James Webb на НАСА ги направи досега најпрецизните фотографии од најдлабоката вселена досега. Позната како Webb’s First Deep Field, оваа фотографија од кластерот SMACS 0723 е преполна со детали.
Илјадници галаксии – вклучувајќи ги и најдаленчните објекти кои се забелеуваат со инфрацрвени зраци – по прв пат се појавија во видикот на Webb. Овој мал дел од енормниот универзум покрива дел од небото кој е како мало зрно песок кој го држиш во рака во споредба со остатокот од универзумот.
Американскиот претседател соопштил дека првите фотографии прикажуваат „восхитувачки приказ на длабоката вселена која се протега наназад повеќе од 13 милијарди години“.
Гроздот од галаксии претставен на сликата во Белата куќа се појавил пред 4.6 милијарди години. Вселената е стара 13.7 милијарди години, така што „Веб“ ќе има шанси да гледа и подлабоко.
Фотографијата била објавена на церемонијата во Белата куќа на која, освен Бајден учествувал и Бил Нелсон, администратор на NASA.
Фотографијата, на која се гледаат многубројни галаксии, претставува најдлабока која некогаш била направена во поглед на вселената. На дел од фотографијата се гледа и светло од периодот не многу долго по Големата експлозија која се случила пред 13,8 милијарди години, пренесува агенцијата „Associatied press“.
NASA денеска планира да објави уште фотографии во боја за кои наведува дека ќе ја прикажат полната моќ на телескопот којшто, како што кажале, ја почнува својата мисија за откривање на инфрацрвен универзум.
„Тоа е најдлабоката слика од нашата вселена која некогаш била направена“, изјавил Нелсон.