Сатја Грабулоски и неговиот тим преку брендот Swithadot направија патики за познатиот спортски и кошаркарски коментатор Ерни Џонсон, кои беа претставени на шоуто НБА на ТНТ и предизвикаа воодушевување кај Ерни Џонсон, но и кај НБА легендите Шекил О‘Нил, Кени Смит и Чарлс Баркли. Патиките OneOfAKinds се со специјален дизајн и четири легендарни рачно нацртани слики од нивните ликови, инспирирани од сцени во самото шоу. Ликот на Шекил е инспириран од емисијата во која јадеше чипс со најлуто чили, за Баркли е избран моментот кога заспа на преносот во живо, Смит е нацртан со перика која ја носеше во една од емисиите, а за ликот на Ерни е користена слика од доделувањето на ЕМИ наградите, каде што ја освои статуетката за најдобра спортска емисија.
„Голем поздрав од Атланта до Македонија и Сатја Грабулоски. Неговата компанија SWithADot, е единствената во светот што изработува уникатно дизајнирани, рачно изработени обувки. И знаете што? Сатја направи еден пар и за нас, наречени Inside the NBA’s“, рече водителот Ерни Џонсон.
Македонскиот дизајнер и неговите соработници имаат направено патики за голем број светски и регионални ѕвезди кои може да се видат на профилот Swithadot.
Погледнете го целото видео од емисијата.