Софистициран француски десерт, познат под името флан, којшто се состои од растечен карамел слој на врвот во контраст со запечен крем од млеко и јајца, дополнет со интензивен мирис на ванила. Идеален за секоја прилика, со посебен wow фактор! Совршенство од @lostinbaking.
Количината е доволна за 4 порции
Карамел
– 125 гр. шеќер
Крем
– 500 гр. млеко
– 1/2 стапче ванила
– 4 јајца
– 100 гр. шеќер
Подготовка:
Најпрво го подготвуваме карамелот со што шеќерот го топиме на оган се додека не се растопи целосно и добие златно – кафеава боја. Веднаш го истураме во 4 огноотпорни керамички мини садови и оставаме да се олади. Млекото заедно со стапчето ванила кое сме го поделиле на половина го загреваме до точка на вриење, потоа го тргаме од оган и оставаме да се олади 30 минути. Јајцата заедно со шеќерот кратко ги матиме, млекото го прецедуваме и го додаваме во смесата од јајца и шеќер. Целата смесата подеднакво ја распоредуваме во приготвените калапи. Во поголем сад за печење исполнет со жешка вода ги ставаме калапите со кремот, водата треба да достигнува до 3/4 од висината на садовите. Печеме 25 минути на 200 Целзиусови степени. По печењето веднаш ги превртуваме калапите на чинија за сервирање.