Леана Таќи е музичарка и првата жена од Македонија која освоила титула во триатлонот „Ајронмен 70,3“, пливање-возење велосипед-трчање.
Еден тренинг за триатлон се состои од... минимум две последователни спортски активности, паметно дозирани за максимален ефект и придобивка кон адаптацијата на телото (пропратени со ментална подготовка, убава храна, тренинзи за сила и истегнување).
Музиката за мене претставува… јазик за искажување на сето она што сака да излезе од мене.
Успесите ги мерам по… духовниот мир и лекциите кои ги донеле.
Најголем предизвик во тренинзите ми е… спортските повреди.
Мојата најголема амбиција е… да го направам светот поубаво место за живеење – со музика, љубов, активизам.
Песна што ме одушевила од прво слушање е… Dolly Parton – Red Shoes.
Планови што ме чекаат годинава… барем еден од двата планирани албуми (соло и со АнтиарТ).
Да си успешна спортистка во земјава значи… Не се сметам себеси за познавачка на ова чувство 😊
За добро здравје препорачувам... менување на нештата кои се менливи, прифаќање на сите нешта кои не можеме да ги смениме и мудрост да ја знаеме разликата.