Летото асоцира на освежување. Дозволете тоа освежување да се однесува и на просторот околу вас, па со мали измени и уредувања, пресоздадете го во место за уживање. Ви претставуваме некои од најактуелните трендови во уредувањето за ова лето.
Пастелни бои
Свежите, пастелни нијанси ќе дадат инстант-освежување на просторот. Мебелот или, пак, деталите како перничиња можат да бидат во нежни пастелни тонови, но внимавајте да додадете и контрастни бои (како темносината во случајов), за да не добиете безизразен изглед.
Принтови
Доколку не сакате да бојадисувате, различните, но сродни принтови ќе имаат сличен ефект на освежување на просторот.
Ретро скандинавски детали
Скандинавскиот стил, но со ретро-призвук од седумдесеттите години, е актуелен оваа сезона. Размислувајте на минималистички, чисти линии, природни материјали и земјени тонови.
Мебел од дрво
Внесете дрво во уредувањето, но во груба, недоработена форма. Инспирирајте се од масивни дрвени маси и столови или од необработен дрвен под.
Едноставност
Сезонава е актуелен и дизајнот од средината на 20 век (Mid-century modern) што се одликува со елегантни линии и едноставност. Ограничете се на неколку сродни бои и оставете префинетите форми да ја раскажат приказната.
Природни материјали
Имајте ја на ум природата и природните материјали на ум кога е уредувањето во прашање. Па, така, внесете парчиња од керамика, ратан, макраме и слично.