Лава колачот е популарен десерт, комбинација од чоколадна торта и суфле. Неговото име доаѓа од стопеното чоколадо во срцето на колачот, а историјата покажува две битки над потеклото на овој колач. Шефот Жан-Жорж Фонгерихтен вели дека го измислил колачот во 1987 година во Њујорк, додека францускиот шеф и чоколатиер Жак Тор го оспорува ова велејќи дека веќе постоел овој десерт во Франција.
Без разлика на потеклото, овој колач е неизбежен и омилен десерт на многумина. Со Dolcela Lava Muffins го добивате овој неодолив колач исполнет со превкусен течен чоколаден крем. Подготовката е брза и едноставна за само десетина минути, а најдобро е да го подготвите пред самото послужување бидејќи се јаде топол. Пакувањето содржи мешавина за 8 екстра-чоколадни мафини и калапи за печење. А кога ќе биде готово сè што ви треба е лажичка за да уживате во најубавата чоколада.
Dolcela десертите ве инспирираат и ве повикуваат на суптилна игра во кујната, на добра забава и секако ве наградуваат! Учествувајте во Dolcela наградната игра, бидејќи имате право на благо, но и на награда! (линк)
Лава колачот најдобро оди со топка сладолед, а во продолжение рецептот за совршениот десерт.
Лава колач со домашен сладолед
Состојки:
2 пакувања Dolcela шлаг крем од ванила
2-3 коцки мраз
25 г путер
1 кафена лажичка како во прав
1 кафена лажичка шеќер во прав
1 пакување Dolcela Lava Muffins
2 јајца
2 лажици топла вода
1 лажица овошен ликер
За послужување:
100 г шеќер во прав
Јагоди
Листови нане
За подготовка на сладоледот:
Шлаг кремот изматете го со миксер според упатството на пакувањето. Во сецко или блендер сомелете ги коцките мраз. Помешајте ги коцките со шлагот и префрлете во сад за сладолед и ставете во замрзнувач.
За подготовка на лава колачот:
Калапите за суфле во облик на срце (две поголеми или четири помали калапи) намачкајте ги со путерот. Какаото и шеќерот во прав добро измешајте ги и со таа мешавина обложете ги калапите, а остатокот истресете го. Мешавината за Lava Muffins ставете ја во сад, додадете јајца, вода и ликер. Сè заедно мешајте со електричен миксер и на најјака брзина една минута, додека не добиете еднолична смеса. Префрлете ја сместа во калапите и печете на загреана рерна на 220 степени Целзиусови околу 10 минути ( за помали калапи) или 12-13 минути (за поголеми калапи). Печениот колач извадете го од калапот и ставете го на чинијата за послужување.
Послужување:
Ставете ванилин шеќер во прав и послужете со топка сладолед и свежи јагоди. Украсете со листови нане.
Совет:
Подготвената смеса може да се направи порано и да стои во фрижидер за да ја испечете пред послужување.