Краткиот анимиран филм „Карантин“ во режија на Иван Андреевски е во официјалната селекција на Фестивалот за анимиран филм во Анеси, Франција. Станува збор за фестивал од А категорија, заедно со фестивали како што се Кан, Венеција, Берлин и Торонто.
„Филмот е inhouse проект на 3-Block Studio, Иван Андреевски, Љубомир Саздовски и Михаил Наумов, со музика на Владимир Петковиќ. Филмот го изработивме за време на карантинот во Скопје лани. Почна како интерен технички тест, кој потоа прерасна во краток филм. Целта беше да се даде комичен спин на ситуацијата во која се најде светот. Учествуваше на Flipbook Film Festival во Скопје, каде доби “Special Mention” во главната селекција. Од тогаш соработуваме со Flipbook Production со кој до сега учествувавме на Stuttgart Trickfilm International Animated Film Festival, и моментално на Annecy International Animation Film Festival“, велат од студиото.
Тизерот за филмот може да го погледнете на следниот линк.