Џон Дилерман е роден со една необична физичка карактеристика, неверојатно голем пенис. Толку голем што со него може да изведува спасувачки операции, да крева знамиња, да поправа велосипеди, па дури и да краде сладолед од деца. Ви изгледа ова како добро сценарио за серија за деца? Данската медиумска мрежа DR, која е еквивалент на BBC, има нова анимирана серија која е наменета за деца на возраст од 4 до 8 години, серија за Џон Дилерман човекот со најдолгиот пенис на светот, кој ги надминува секојдневните тешкотии и предизвици со своите рекордно големи гениталии. Веднаш по емитувањето на првите епизоди, очекувано оваа серија отвори големи полемики, што треба, а што не треба да содржи содржина која е наменета за деца. Имаше жестоки реакции од јавноста: „Дали е ова вистинската порака што сакаме да им ја испратиме на децата додека сме на средина на огромниот бран #metoo и кога најгласно се осудува секаков вид на злоупотреба и сексуално вознемирување“-напиша данската авторка Ана Лизе Марстранд Јиргенсен. Серијата почна да се емитува еден месец откако ТВ водителката Софи Линде го започна движењето #metoo во Данска.
,,Верувам дека серија за моќта на машките гениталии, како овековечување на стандардната идеја за патријархално општество и нормализирање на ,,културата во соблекувалната“, што често се користи за да се оправда многу лошо однесување од страна на мажите, имала цел да биде смешна и затоа авторите на неа гледале како на безопасна. Но воопшто не е така“ изјави Кристијан Грос, професор истражувач на родот на Универзитетот Роскилд.
,,Џон Дилерман разговара со децата и го споделува нивниот начин на размислување, на децата им е смешно кога зборуваат за гениталии. Серијата прикажува човек кој е импулсивен, не секогаш има контрола, кој прави грешки, но клучно е дека презема одговорност за своите постапки. Признаваме дека гледаноста е слаба, тајмингот е лош, но нашата идеја беше да се претстават разликите и разновидноста. Ова никако не е серија во која се зборува за секс или за сексуални објекти. Ние како јавен радиодифузен сервис познати сме по поместување на граници при пласирање на содржина. Според нас тоа што децата се изложени на совршени голи тела во секаков вид на реклами и интернет содржини, а тоа не покренува реакции на јавноста, нема зашто ни оваа едукативна, умерена и забавна серија“, изјави потпаролката на познатиот медиумски сервис.
Извор: The Guardian