Неодамна на нашиот пазар се појавија нови брендови како „Atkinsons 1799“ , „Naj Oleri“ „ Eisenberg Paris“ кој ги дистрибуира големата хрватска компанија „Мартимекс“. За овие брендови да се доближат до купувачите голема улога играат обучените едукатори, тренери што имаат цел да го доближат брендот до купувачите, но и да создадат обучен кадар што ќе може да го продава. Како изгледа ова одблиску разговаравме со Клаудија Крезиќ, сертифициран тренер за парфеми и козметички произвводи во парфимериите „Мартимекс“.
Какво е искуството да се биде дел од „Мартимекс“, компанија која е застапник на познати луксузни брендови парфеми и козметика како Atkinsons 1799, Mugler, Eisenberg Paris, Naj Oleri, John Frieda, The Merchant of Venice…?
Станав дел од тимот на „Мартимекс“ многу млада на мои 18 години и веќе осум години со задоволство ја работам оваа работа. Мојата фасцинација од светот на луксузните парфеми и козметички производи започна одамна, низ годините растеше и се развиваше и сé подлабоко навлегував во овој магичен свет. И по толку години сé уште ми е чест што „Мартимекс“ остана доследен на луксузот и квалитетот на производите што ги нудиме, растеме и се развиваме, во наша сопственост се осум луксузни парфимерии кои го имаат најстручниот кадар во Хрватска .
Што значи поточно тренер за парфеми, што опфаќа вашата работа, како ви поминува еден работен ден?
Тренер за парфеми претставува добро едуцирана и обучена личност, која треба конкретниот бренд да им го доближи и претстави на најдобар начин прво на вработените во парфемириите, а потоа на клиентите. Јас како тренер сум обучена за 9 брендови, за кои најмалку два пати годишно имам тренинг на кој претставникот на брендот ме едуцира со цел добивање нови знаења, што треба да ги пренесам понатаму. Тоа е важна и одговорна работа, зашто со моето знаење го претставувам самиот бренд, неговите квалитети и карактеристики. Работниот ден ми почнува со подготовка која зависи од тоа дали треба определен бренд да го приближам до почетник или до неко0ј што веќе има знаење. Но една работа останува иста без разлика кого обучувам, а тоа е дека морам да ги доближам предностите зошто треба да го сакаат тој бренд. Секој мој тренинг влијае на понтамошниот процес, односно директно влијае на продажбата.
Пред извесно време луксузните брендови Atkinsons 1799 за парфеми и за козметика Eisenberg Paris, станаа достапни на македонскиот пазар во парфимериите на Еликсир. Што може да очекуваат и добијат македонските купувачи од овие брендови, по што се најпознати брендовите и што нудат за купувачите?
Македонските купувачи може да го очекуваат неочекуваното и тоа ова навистина го мислам, не го зборувам како клише. Atkinsosns 1799 е култен бренд, кој своевремено бил службен парфумер на кралското семејство во Велика Британија. Овој бренд до денес постојано не изненадува со прекрасни мириси. Брендот Eisenberg Paris е еден од водечките, козметички брендови кој има широка палета на производи за шминка, нега на кожа на лице и тело, производи за заштита од сонце и колекција на машки и женски парфеми.
Брендот Atkinsons зад себе има богата историја и повеќе од 70 парфеми за мажи и жени и е синоним за луксуз, елеганција и добар вкус. Кој парфем особено го препочрачувате од овој бренд и зошто?
Овој бренд е навистина посебен бренд на niche парфеми кој по многу нешта е лидер. Замислете пред 70 години некој го носел вашиот парфем, кој воопшто не се разликува од тој што имате можност да го купите вие денес. И тоа најчесто тој некој од минатото бил крал, принц, видна личност од истотијата. Премногу е фасцинантна можноста овој дрвенасто зачински мирис да ве врати толку години во минатото а и денес да е доминантен и модерен. Едноставно сите парфеми од овој бренд се класика која мора да ги имате во својата колекција.
Низ историјата, а и денес користењето квалитетни парфеми и козметика стана важен дел од секојдневието на луѓето па денес можеме да видиме голем број брендови кои внимаваат своите производи да содржат природни состојки. Што сметате дека придонесува кон развивање на свеста за квалитетна козметика и парфеми?
Точно, денес на пазарот има многу брендови што имаат иста цел а тоа е нудење квалитет и решителност да ги задоволат потребите на купувачите. Со целата технологија со која располагам,е денес, единствено исправно е да се понуди квалитетен производ, кој во краен случај ќе ги даде резултатите за кои е деклариран. Во денешно време за да се избегнат забранети состојки или состојки произведени во лабараторија, многу од брендовите имаат свои плантажи и користат природни ресурси, со цел најбезбеден производ. Токму затоа кај поголем број на брендовите цената е висока, но навистина го оправдува квалитетот и вниманието со кој е подготвен.
Што препорачувате вие, како да се избере правилниот парфем со оглед на тоа што има мноштво парфеми на пазарот?
Парфемот го купувате за себе, па затоа не го купувајте тој што го носи вашата другарка или тој што сте прочитале дека е модерен на Интернет. Парфемот е личен избор, тој е ваш мирисен идентитет. Познат е фактот дека поради PH вредноста на кожата, секој парфем различно мириса на секого, па затоа мирисот испробајте го на вашата кожа, не го тријте, освен ако не е на маслена база, дајте му можност два три пати, како ќе го чувствувате на себе. Понудата е многу голема, има парфеми за сечиј вкус, затоа опуштете се и зиберет го најдобриот што ќе ве расположува со секое наносување.