Новиот албум на Кендрик Ламар излезе по пет години. Раперот од Комптон, кој доби „Пулицер за музика“ за претходниот албум DAMN, го објави својот нов албум, Mr. Morale & The Big Steppers пред три дена. Новиот албум на Ламар е олицетворение на повеќе теми и емоции. Во албумот се e вклучен и Екарт Тол, спиритуалниот учител и писател, како нарација во неколку песни. Соработките ги вклучуваат и Бет Гибонс, Самер Вокер, Гоустфејс Кила, Бејби Ким, Самфа итн.
Во првата песна „United in Grief“ Ламар се потсетува на сеансите со психолози поради пријателите што ги изгубил, а во „Father time“ се исповеда за односот со татко му („daddy issues“). „Auntie Diaries“ ја раскажува приказната за две транс лица, додека „Мother I Sobber“ е истражување низ траумата од детството. Низ деветте песни артистот допира секакви теми, но сплотени преку силно емоционалната проза и немирниот звук го насочува слушателот кон себе барајќи радикална емпатија за сите.
Минатата година, Кендрик Ламар ја извести јавноста дека ќе ја напушти издавачкатa куќа „Top Dawg Entertainment“, која ги издаде сите негови претходни албуми. „Mr. Morale & The Big Steppers“ е последен албум на Кендрик Ламар кој го издаде „TDE“.
„Детето од Комптон“ важи за еден од најдобрите рапери на сите времиња поради неговите стихови кои се занимаваат со расизмот, насилството и социјалната неправда и препознатливата нишка на џез.