Инспирацијата за новата swimwear колекција на SALT која ја дизајнираше модната дизајнерка Наталија Терзија е убавината и моќта на женското тело, славејќи ја естетиката на секоја форма и големина. Натуралните тонови на ткаенините, се претопуваат во боите на блескавиот крајбрежен песок и морските бранови, создавајќи соединување со природата. Комфорот и сензуалноста на безвременскиот дизајн , дополнително ја нагласува линијата на женската силуета со асиметрични сегменти на разиграност и дивина.
Солена коса, пламнати образи, светла насмевка и секси бикини, тоа е SALT SS22.
Костимите за капење може да се купат онлајн на https://saltmilano.it/
А доколку сакате да ги пробате, изложени се во Park hotel & Spa.