Денес разговараме со Теодора Филовска, основач и сертифициран ментор во Galeksia, единствениот институт за дигитален маркетинг во земјава. Се соочуваме со време на дигитализација во кое предуслов за успех на бизнисите стана присутноста онлајн. Оттука произлегува и трендот кај нас на висока побарувачка за дигитални маркетери. Што значи да се работи како дигитален маркетер? Како да се дојде до посакуваната работна позиција? На што да се обрне внимание при избор на сертификација за дигитален маркетинг? На овие и многу други прашања, одговара Теодора во интервјуто подолу.
Во „новото нормално“ драстично порасна побарувачката за дигитални маркетери и всушност се смета за една од најбараните професии во моментов на глобално ниво. Дали тоа е случај и кај нас?
Апсолутно! Генерално она што се случува во светот, кај нас доаѓа малку подоцна, но тоа не е случајот со побарувачката за дигитални маркетери. Сè повеќе компании во Македонија ја согледуваат важноста од вклучување дигитален маркетинг во својата стратегија како предуслов за успех. Оттука доаѓа и потребата од вработување квалификувани и сертифицирани кадри кои можат да одговорат на предизвикот. Уште еден тренд кој се забележува е вложувањето од страна на компаниите во доедукација на својот постоечки маркетинг тим. Во Galeksia имаме маркетинг професионалци кои се запишуваат на Professional Diploma in Digital Marketing со цел доусовршување на своите вештини и придонесување за растот на компанијата во којашто работaт.
Дигиталниот маркетинг е доста брза и динамична професија во која промените се секојдневни. Какви карактеристики треба да поседува оној кој се стреми кон кариера во дигитален маркетинг? Кој сѐ може да биде дигитален маркетер?
Доколку зборуваме од аспект на образование, буквално од секоја сфера може секој да се запише. Доколку зборуваме карактерно, тука би издвоила неколку моменти. Прво, оваа професија бара многу трпеливост. Резултатите не се случуваат преку ноќ и тоа не треба да ве обесхрабрува. Второ, би рекла креативност. Можностите во дигиталниот маркетинг се огромни, само треба да навлезете во својата имагинација. Понатаму треба да сакате предизвик. Сè се менува буквално со брзина на светлината и треба да сте постојано во тек да одговорите на промените. И за крај нека биде критичко размислување и аналитичност. Особено е важно да сте самокритични кон својата работа бидејќи само така ќе имате постојан напредок. А, за да процените колку сте напреднале и колку добро перформира она што го работите, неопходно е да анализирате.
Опиши ни како изгледа работниот ден на еден дигитален маркетер?
Со еден збор, динамично. Секој ден е различен и секој ден носи нешто ново. Впрочем, тоа е и убавината на оваа професија. Никогаш нема да заглавите во монотонија. Ако сакате предизвици тогаш дигитален маркетер е дефинитивно професијата за вас. Треба да сте подготвени работите да ги гледате од многу перспективи и секогаш критички да размислувате. Да не биде дека сè е толку розево, работата во digital може да биде и стресна. Понекогаш ќе ви биде тешко да запазите рокови, или ќе имате недоразбирање со клиентот со кој работите. Некогаш едноставно ќе ви се случи writers block. Но, сè ова е апсолутно нормално и надминливо доколку си ја сакате работата и сакате да постигнете успех.
Свесни сме дека на интернет се достапни безброј ресурси и обуки за дигитален маркетинг. Но, тоа истовремено може да биде конфузно и хаотично за почетници во областа. Кој би бил твојот совет за оние кои бараат професионална обука?
Направете темелна анализа на она што се нуди во секоја програма. Поставете си ја вашата цел од една страна и придобивките од програмата од друга страна. Анализирајте паралелно дали она што го овозможува програмата е во согласност со вашата цел. Она што е исклучително важно да се земе во предвид е кои се предавачи на програмата, каде сè е признат сертификатот и дали е акредитиран од одредено сертификационо тело, како и кој е креаторот на програмата.
Galeksia е Platinum partner на Digital Marketing Institute од Ирска. Што е она што ја прави вашата програма релевантна и соодветна за оние кои сакаат да започнат кариера во дигитален маркетинг?
Програмата е креирана од експерти во индустријата како што се Neil Patel (digital marketing guru), Frank Hattan (Microsoft), Amy Brooks (Facebook), Tyrona Heath (LinkedIn). Ова се луѓе кои секојдневно работат во дигиталниот маркетинг и знаат што е она што еден маркетинг професионалец треба да го поседува за да успее во оваа сфера. Програмата се обновува на секои шест месеци со цел да се одговори на постојаните промени кои се случуваат во дигиталниот маркетинг.
Според мене, најважната карактеристика на програмата е сертификатот. Тој се издава и е акредитиран од Pearson VUE, најголемото сертификационо тело во светот кое издава сертификати и за Microsoft, Adobe, Cisco. Ова значи дека сертификатот којшто се добива има кредибилитет и е признаен секаде во светот. Маркетингот нема граници, па зошто и вашата кариера да не биде интернационална?
Дали е доволно само да се заврши одредена обука за дигитален маркетинг? Што е она што би придонело за маркетинг ентузијастите да се изградат како комплетни професионалци?
Како што веќе кажав, нешто во дигиталниот маркетинг сигурно се менува во моментов како што зборуваме. Да, обука за дигитален маркетинг е неопходна за да се добие основата, да се започне кариера и да му се даде вистинска вредност на вашето знаење. Меѓутоа, за да останете во игра мора постојано да ги следите трендовите. Секојдневно читање на новостите во светот на дигиталниот маркетинг, истражување, анализирање, читање стручна литература, следење на маркетинг гуруа од светот. Ресурсите се бесконечни.
Од друга страна, потребно е знаењето да се примени во пракса. За таа цел, Galeksia соработува со голем број компании од Македонија кои се наши learning partners. Тоа значи дека во период од еден месец, студентите имаат можност да работат на реални проблеми и да понудат практични и креативни решенија за потребите на компанијата со која ќе работат.
Што по завршувањето на програма на дигитален маркетинг? Кој би бил следниот чекор?
Следно е да се впуштите во светот на дигиталниот маркетинг отворени за секоја можност! Во овој период треба буквално да ја зграбите секоја прилика која ви се пружа. Дали е тоа практиканство, работа како freelancer, part time job, почнување на entry level job во компанија, ставање во улога на маркетер за одредена компанија и креирање кампањи, или едноставно анализирање на работата на компаниите со идеи како вие би го подобриле работењето. Дефинитино секое искуство е добредојдено. Правете што е можно повеќе активности пред да ја добиете посакуваната работна позиција сè со цел да сте што е можно поподготвени и богати со знаење.
Доколку треба да издвоиш само еден совет кој е клучен за еден успешен дигитален маркетер, кој би бил?
Learn. Execute. Advance. Ова е нешто по кое јас лично се водам, а истовремено и она што нè „движи“ во Galeksia. Постојаното надоградување и доедуцирање е клучно како за професионален, така и за личен раст и развој. Нема поубаво чувство од она да знаеш дека правиш нешто за себе и дека секојдневно пробуваш да бидеш подобар.