Група јапонски уметници за да го претстават олимпискиот дух и јапонската култура се инспирираат од знамињата на земјите кои се натпреваруваат во Токио за да создадат аниме самураj за секоја земја. Проектот се вика World Flags, а уметниците велат дека самураите се уникатни за Јапонија и преку овој проект сакале сите да се запознаат со традиционалната јапонска култура. Уметникот Камаја Јамамато вели дека го започнува цртањето на аниме карактерот преку истражување за знамето на една земја, карактеристикит, дизајнот и боите како и нивната култура.
На пример, македонскиот аниме самурај е во боите на македонското знаме и со приказ на сонцето. Секој самурај доаѓа со име и краток опис на неговиот карактер, предности и слабости – налик на карактери од видео игра.
Самураите се голем дел од јапонската историја уште од 12 век. Иако не постојат денес, постои „бушидо“ начин на воинот, базирано на чест и дисциплина – систем на вредности кои се важни и денес во јапонската култура.
Иако изгледа како промотивна кампања за Олимпијадата во Токио, проектот е чиста желба на неколку уметници кои не заработуваат од истиот. Досега уметниците имаат направено 84 аниме самуари од вкупно 200 земји, а сакаат да ја стигнат бројката од 200 земји. Кога се работи за дизајнот тие собираат и совети и мислења од анкети на Твитер каде корисниците гласаат за иконски симбол или предмет на една земја. Иако повеќето реакции се позитивни, првичниот самурај на Шпанија не бил прифатен добро бидејќи бил нацртан како тореадор, а подоцна сменет поради негативниот фидбек за стереотипниот момент за Шпанија и контроверзната корида.
Артистите веруваат дека аниме самураите ќе им помогнат на луѓето да бидат повозбудени за Олимписките игри, особено бидејќи годинава се одржува без публика.
Погледнете дел од самураите инспирирани од светските знамиња.
Извор: BBC