Вкусен и освежувачки ролат, без трошка брашно во составот, со кремаст чоколаден фил дополнет со екстра протеин во прав и сочни летни цреши. Право летно уживање без гриза на совест од @lostinbaking!
Состојки:
За ролатот:
– 5 јајца
– 100 гр. ореви, мелени
– 50 гр. кафеав или кокосов шеќер
– прстофат сол
За фил:
– 250 гр. млеко по избор
– 30 гр. скроб (нишесте)
– 30 гр. темна чоколада
– 50 гр. протеин во прав со вкус на ванила
– 80 гр. путер
– 2 лажици какао во прав
– 2 лажици мед
Дополнително – 200 гр. исчистени и исецкани цреши, изматена слатка павлака, крупно исецкани ореви.
Подготовка:
- Се делат белките од жолчките, белките се матат заедно до солта до цврст снег, жолчките се матат настрана пенесто заедно со шеќерот, две смеси се соединуваат со шпатула. Се вмешуваат мелените ореви, смесата се истура во плех за печење, обложен со хартија за печење и се пече 15 минути на 180 Целзиусови степени. Испечената кора веднаш се префрла на мокра крпа и се витка како ролат. Се остава целосно да се олади.
- На оган се загрева млекото заедно со скробот, се вари цврст крем, се трга од оган и се додава путерот, чоколадата и медот. Кремот добро се соединува и се остава во фрижидер комплетно да се олади. Откако ќе се олади се додаваат преостанатите состојки за кремот и мати со миксер сè до добивање на воедначена смеса.
- Оладената кора се филува со приготвениот фил, врз филот се нанесуваат црешите и се витка во ролат. Со преостанатиот фил се премачкува надворешната страна од ролатот, се украсува со изматената слатка павлака и се декорира со крупно исецкани ореви и цреши.