Дали знаевте дека во Јапонија има најмногу Vending Machines во целиот свет?
Францускиот фотограф Edward Way е фасциниран од оваа појава одлучува да слика Vending Machines при неговата посета на Токио.
Таму познати како Jidouhanbaiki, овие машини можат да се најдат буквално на секој ќош на секоја голема или мала улица, а во моментов во Јапонија има повеќе од 5 милиони. Што се крие зад оваа опсесија на Јапонците?
- Секој може да стане сопственик на ваква машина
- Јапонија е најбезбедна земја во светот па овие машини скоро никој никогаш не ги уништува
- Има премногу зафатени луѓе кои работат долги саати и ова за нив е многу практично решение
- Работите што можеш да ги купиш од ваква машина се прилично ефтини
- Тие се преполни се изненадувања и тука можеш да купиш работи што не можеш на друго место
- Купувањето од машина не бара човечка интеракција која на Јапонците им паѓа многу тешко