Повеќе од еден месец јавноста ја бранува случајот со Јалдз Веапоска медицинска сестра од Дебар, која во јануари со царски рез се породила во болницата во Струга, но излегла оттаму со три извадени органи кои биле здрави. Откако Лекарската комора не увиде лекарска грешка кај гинекологот Мухамед Асани, деновиве на социјалните мрежи кружи петиција од иницијативата „Ние младите“ за да се санкционираат одговорните за овој случај.
„Со почетна замисла произлезена од идеја дискутирана на Твитер, се создаде желба за граѓански да се делува дополнително во случајот со Јалдз Веапоска – родилката од Струга, чии три здрави органи беа извадени од страна на докторот Мухамед Асани. Надлежните органи до ден денес се уште го немаат санкционирано докторот и сметаме дека постои политички обид да се сокрие злосторникот, за да се избегне кривична казна. „Ние Младите“ како младинска иницијатива, платформа, ја покренавме петицијата за да добиеме добиеме максимална поддршка во борбата. Цела оваа петиција ја започнавме со претходна согласност од жртвата Јалдз Веапоска.
Би ги замолиле сите млади, а секако и сите граѓани да ја потпишат петицијата и дополнително да се вклучат во борбата за правда со што би го држеле овој случај актуелен се додека не се реши. Како?Споделувајте го случајот и линкот до петицијата на вашите Фејсбук и Инстаграм и Твитер профили за петицијата да допре до повеќе луѓе. Периодов што доаѓа ќе дадеме се од себе за директно да и помогнеме на жртвата, зашто до нас стигнаа многу информации од многу граѓани“.
Петицијата до сега достигна над 11.000 потпишувачи, но бројката мора да биде поголема, бидејќи колку поголема, толку поголем придонес во борбата за „Правда за Јалдз Веапоска – Кривична казна за Мухамед Асани“. Со надеж дека надлежните органи или највисоките органи кон кого е упатена петицијата ќе реагираат соодветно како во секоја држава каде владее правото“, велат од иницијативата.
Петицијата, воедно и апелот е упатен кон:
Министерство за внатрешни работи/ Оливер Спасовски
Министерство за здравство/ Венко Филипче
Министерство за корупција/ Лупчо Николовски
Влада на Република Северна Македонија/ Зоран Заев
Петицијата можете да ја потпишете на следниов линк: http://chng.it/NJ6VD7bs