На секои 15 секунди некаде во светот се изведува Hydrafacial третман.
Само минатата година беа изведени два милиона вакви третмани.
Македонија е една од 80 земји каде што е достапен овој третман.
Во Центарот за естетска дерматологија при клиниката „Жан Митрев“ сега се достапни третманите со Hydrafacial. Hydrafacial e третман што се користи во медицинските центри за естетика и дерматолошките ординации и е познат како „хидродермоабразија“. Тој се состои од неколку чекори, а се изведува сo помош на единствената патентирана „вортекс технологија“, достапна само кај медицинскиот апарат Hydrafacial MD. Механичките апликатори што се користат при овој метод, специјални за оваа намена, се одбираат согласно типот на кожата и проблематиката што ја има пациентот. Она што го прави овој третман единствен е тоа што истовремено комбинира чистење на кожата, пилинг (ексфолијација), екстракција и хидратација со антиоксидативна заштита што резултира со блескава и сјајна кожа веднаш по третманот. За разлика од класичната дермоабразија, нуди многу понежен пристап со истовремено вшмукување на нечистотиите од порите, при што симултано се вбризгуваат активни компоненти за навлажнување (хидратација), осветлување, измазнување, како и за заштита на кожата. Целата постапка е неинвазивна и многу пријатна за клиентот.
Како изгледа третманот со Hydrafacial?
Третманот вклучува три последователни чекори како дел од еден третман, што трае помеѓу 40 и 90 минути.
Фаза 1: Чистење + пилинг
Ова е чекор на ремоделирање, измазнување на површината на кожата. Со помош на ексфолијација се прави отстранување на мртвите клетки на површинскиот слој на кожата.
Фаза 2: Екстракција + хидратација
Овој чекор вклучува истовремено механичко чистење на порите и длабинско вбризгување на хидрирачки активни компоненти во длабоките слоеви на кожата. И повторно безболно, во исто време релаксирачко и опуштено искуство.
Фаза 3: Вбризгување + заштита
Третманот завршува со длабинско вбризгување „бустери“ или серуми. Тие се приспособени кон потребите на вашата кожа и можат да вклучат избледување на хиперпигментации, измазнување на фини линии, затегнување на опуштена кожа или намалување на проширени пори. Третманот се персонализира, што е од огромна вредност кај пациентите, бидејќи добиваат единствен третман адаптиран за нивните проблеми.
Дали е Hydrafacial за мене?
Hydrafacial ги опфаќа сите старосни категории, типови кожа и индикации. Соодветен е за третирање акни кај тинејџери, акни кај возрасни, масна проблематична кожа, проширени пори, ситни мимички линии, но и подлабоки брчки. Одличен е за хиперпигментации кај повозрасна група пациенти со кожа оштетена од прекумерно изложување на сонце, како и дехидрирана кожа. Освен на кожата на лицето, третманите можат да бидат применети и на кожата на скалпот и на другиот дел од телото.
Доколку е потребно, постои можност за заокружување на третманот со вклучување на лимфна дренажа за лице и тело, како и употреба на специјализирани ЛЕД-светилки. Лимфната дренажа нуди придобивки во поглед на детоксикација на кожата, која е секојдневно изложена на многубројни штетни фактори од околината, намалува воспаленија и оток. А ЛЕД-светилките се користат да ја засилат функцијата на серумите, да ја подобрат микроциркулацијата и да дејствуваат антибактериски.
Сите третмани во Центарот за естетска дерматологија при клиниката „Жан Митрев“ се на 20 проценти попуст, а третманот Hydrafacial е на 30 проценти попуст.