Уличниот уметник од Франција, Клет Абрахам ги црта сообраќајните знаци низ градовите во Европа давајќи им личен печат. Наместо мурали и графити, уметникот црта на самите сообраќајни знаци интересни додатоци, а неговите дела освен во Европа, може да се видат и во Кјото Јапонија.
Делата на Абрахам биле изложени во повеќе галерии низ Европа, но властите не се секогаш импресионирани од неговите цртања и повеќето сметаат дека тоа е вандализам.
Цртежите на сообраќајните знаци имаат цел да го привлечат вниманието кон сообраќајот на патот, бидејќи често знаците не се забележувани од пешаците или возачите. Покрај првенствената улога на знаците во сообраќајот, Клет им дава скриени пораки кои често упатуваат на општествени појави.
Извор: boredpanda.com
.