Пабло Албаренга е прогласен за фотограф на годината на Sony World Photography за 2020 година за неговата работа со домородните заедници во Јужна Америка. Фотографот од Уругвај е награден за неговата серија „Seeds of Resistance“ која го претставува страдањето на домородните заедници во Латинска Америка кои се борат за зачувување на територијата од агро-бизнисите и уништувањето на шумите. Сликани одозгора главните лица во сликите се претставени како да го даваат својот живот за нивната територија.
Останати победници се Том Олдхам за неговиот портрет од Блек Френцис, фронтмен на рок групата Пиксис, додека Јоана Скелараки е победник во категоријата „Студент“ за нејзината серија фотографии Аеифориа, што го адресира прашањето за одржливост преку серија на вечерни фотографии од соларни панели, ветерници и живинарски фарми на островот Тилос во Грција. За млад фотограф беше прогласен 19 годишниот Хсиен-Панг Хсиех од Тајван за неговата фотографија „Во брзање“ во која уличен изведувач кој изгледа како да оди брзо всушност стои во место.
Погледнете ја галеријата и победничките фотографии во останатите категории.