За Себастијан Вајс, поттикот да започне да фотографира архитектура се појавил кога студирал градежништво и почнал да ги забележува промените што се случуваат во градот во кој живеел, Берлин. Инспирирацијата од креативните архитектонски решенија на градот и зградите во него, го води на Универзитетот за уметности во Берлин каде го истражува полето помеѓу технологијата и дизајнот.
Вајс ги доловува деталите за фасадите на зградите поставени наспроти чистото сино небо, честопати жабја перспектива за да ја истакне нивната големина и обем. Неговите фотографии даваат друга димензија во архитектурата со изолирање на одредени агли, делови и површини додека се шират кон небото. Работејќи исклучиво надвор, фотографот наоѓа инспирација во зградите со кои се среќава во европските градови , како на пример Хелсинки, Рејкјавик, Барселона и Валенсија кои се неговите омилени места за фотографирање. Кога станува збор за изборот на зградите на неговите фотографии, тој вели дека не ги избира зградите, туку ја бара личноста на една зграда, нејзините тајни или особини.
Острите и чисти композиции со елегантни форми на модернистичката архитектура од 20-тиот век поставена против синото небо – обезбедуваат пријатно гледање, задоволувајќи го вниманието по неочекуваните облици и контури на градот. Бидејќи летните денови стануваат посветли и подолги, фотографиите на Вајс даваат навремено потсетување на градските жители да погледнат кон небото и сопствените урбани пејзажи.