Во сеќавање на Флора Сандес, жената чија храброст ја направи вистинска хероина од Првата светска војна.
Флора Сандес (22 јануари 1876 – 24 ноември 1956) е единствената Британка која официјално се борела на фронтот во Првата светска војна. На почетокот на војната во 1914 година, Флора се пријавила како доброволец во службата за брза помош и со нејзината единица ја напуштила Велика Британија за да отпатува во Србија. По скоро една година негување ранети војници, Флора научила течно да го зборува српскиот јазик и била префрлена да работи во Српскиот Црвен крст, работејќи со српските војници на фронтот. Таа пополека се вклучила и во борбите и набрзо станала дел од српската војска на терен. Српската армија во тоа време била една од ретките што дозволувала на жените да се вклучат во армијата и да се борат.
Таа за брзо време станала мајор наредник во армијата. Во 1916 година, таа ја објавува книгата „Англичанка-наредник во српската армија“ за да го подигне профилот на српската кауза и станува славна личност во Англија. Тешко ранета, од граната, додека се борела заедно со нејзините соборци во Македонија, Флора се здобила со големи повреди и рани по телото и скршена десна рака. Храброста на Флора е признаена и од страна на српската влада и била наградена од страна кралот.
И покрај тешките повреди, оваа нескротлива жена се вратила во редовите на својата армија. Таа ја преживува не само војната, туку и шпанскиот грип, кој убил многу по војната.
Многу години подоцна, во април 1941 година Југославија е нападната од нацистичка Германија. И покрај нејзината возраст во тоа време (65) и здравјето, Флора повторно се пријавила да се бори. Единаесет дена подоцна Германците ја поразиле југословенската армија и ја окупирале земјата. Таа починала по кратко боледување на 24 ноември 1956 година на возраст од 80 години.
Извор : Instagram