Што да се облече денес? Одговорот на ова прашање секое утро го бараме во нашиот гардеробер. Секоја сезона налага своја мода. Затоа потребата од нови модни парчиња ќе биде секогаш актуелна.
Без разлика колку нашиот гардеробер има што да понуди, сепак желбата за ново, елегантно и во чекор со светските модни трендови диктира некаква промена и нова можност за лична и креативна експресија.
Ист Гејт Мол како најголем регионален шопинг центар и понуда од 250 брендови од кои 40 уникатни брендови, е носител на светските трендови во Македонија. Оваа сезона, водечките бои, коишто го одредуваат елегантниот, топол и модерен стил, ќе ги забележите на излозите на вашите омилени брендови во Ист Гејт Мол, каде почетокот на годината се одбележува како период на финални попусти. Привлечноста на ниските цени и големиот избор на модни парчиња, ќе ве инспирираат за нови комбинации и модерен и свеж изглед.
Што е актуелно оваа сезона?
Многу од брендовите пловејќи низ футуризмот како правец на уметност, ја истакнаа својата креативност пласирајќи модни и блескави космички комбинации со уникатни дезени, инспирирани од топлината на сонцето, големината на планетата Земја, живоста на природата и светлината на сонцето и ѕвездите. Во Ист Гејт Мол ќе ги пронајдете маркантните дезени на вашата нова кошула, тесен фустан или пак краток капут.
Најактуелниот и најоригинален тренд оваа сезона се високите крзнени чизми. И покрај нивната актуелност пред 20 години, сепак модниот свет ги уфрли во игра и денес. Комбинацијата на високи крзнени чизми со кратко фустанче, долг или пак краток капут, дебели хеланки и зимска јакна е една од најпосакуваните модни комбинации оваа зима. Во рамките на трендовите и модата оversized моделите и оваа сезона се доста актуелни. Светот и шопинг-холичарите не можат да одолеат на овој тренд, којшто и во Македонија е доста проширен и носен. Од широки капути и палта, до широк крој на кошули и блузи, ваквите парчиња се одлична можност за шик и модерна комбинација, коишто креираат елегантен и топол стил.
Како и секоја сезона претходно, така и оваа зима, едно од неодоливите „must-have“ парчиња е црниот фустан, а оваа сезона најчесто го среќаваме во кожна варијанта. Ова парче облека е нешто коешто секоја жена го има во својата ризница на модни комбинации и многу лесно може да се комбинира и да се постигнат различни варијанти на носење на истиот.
Доколку сè уште се прашувате како да го освежите вашиот стил и модни опции и што е она коешто може да внесе новост во вашиот стил, одговорот се крие во барем една од 250те продавници во Ист Гејт Мол.
Ти си центар.