Со широк асортиман на облека, новата колекција на Dreadpen вклучува парчиња на шарени и зимски капчиња, bucket капчиња, дуксери, маици и кошули. Достапни се и низа колекционерски додатоци, вклучувајќи комплет стикери, постер илустрации, Dread Notes тефтерчиња и пиво.
„Oшто го имате – сè што имате – е сега. И сега, вие сте сè што е важно. Сега е само за вас. Бидете свои, на вашето омилено место. Животот е кул“, се вели во соопштението за новата колекција.
Во врска со настанот, Dreadpen ќе има претставено серија на канвас илустрации плус арт инсталација. Првата капка од новата концептуална колекција ќе биде достапна на промоција во четврток 18-ти, во Котур Кафе и Филм со почеток од 18 часот.