Актерите од серијалот „Хари Потер“ ќе се соединат по 20 години од првиот филм „Хари Потер и Каменот на Мудроста“. Од HBO Max најавија специјален наслов „Враќање во Хогвартс“ кој ќе биде емитуван на 1 јануари 2022 година. Даниел Редклиф, Ема Ватсон и Руперт Гринт ќе се соединат со режисерот Крис Колумбус за да разговараат за филмовите и да го истражуваат својот пат низ светот на магијата.
Специјалниот филм ќе ги повика обожавателите на познатите волшебници и волшебнички на „магично патување во прво лице на едно од најпознатите франшизи на сите времиња“, велат од HBO Max.
Емисијата беше објавена точно 20 години по американската премиера на првиот филм на 16 ноември 2001 година.
Во трејлерот од 52 секунди со делови од филмовите е објавено дека „легендарните ликови“ се враќаат „каде што магијата започна“.
На триото ќе му се придружат и Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Џејсо Ајзекс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон и Том Фелтон.
Продуцентот Кеси Патерсон кажа: „Магијата е во воздухот со овие актери, кои се враќаат дома на оригиналниот сет во Хогвартс, каде самите почнаа пред 20 години“.
„Возбудата е голема поради подготовката да се однесат обожавателите на едно специјално и лично патување, преку снимањето на овие неверојатни филмови“, вели Патерсон.
Дел од актерите веќе објавија на социјалните мрежи дека се многу возбудени за соединувањето, а нам ни останува едвај да го чекаме 1 јануари.