Денешните модерни десерти се екстра кремасти, софистицирани, со иновативни вкусови и комбинации на вкусови, раскошни и нежни, токму како премиум пудинзите од Dolcela: пудинг од темно чоколадо, пудинг нугат и пудинг бурбон ванила.
Претставниците на премиум генерацијата на пудинзи се истовремено неодоливи, но и внимателни кон нас и кон нашето време, односно за еден миг се претвораат во слатка зимска фантазија. Се конзумираат како самостојни десерти, обожаваат новогодишни забави, имагинативни облици, долги стаклени чаши, а како дел од кремовите и полнењата, ги красат празничните торти и колачи. Малите моменти знаат да ги претворат во големи, раскошни празнични моменти.
Овој пат специјално подготвивме Dolcela премиум пудинг од чоколадо. Тајната на ова гастрономско совршенство се крие во соодносот на најквалитетното темно чоколадо и какаото во прав. Пудингот содржи дури 18% какао прав и 13% чоколаден прав.
„Ммммм…“, ова го изговори нашиот фото модел кога ја проба оваа кремаста темно чоколадна фантазија, која едноставно се топи во уста.
Dolcela премиум пудинзите навистина се повик за да ја истакнете вашата креативност.
Сега малиот луксуз е на дофат на вашата рака и ве повикува да подготвите празнични десерти. Пудингот послужете го во високи чаши, можеби ќе искомбинирате два вкуса кои ќе ги сервирате слоевито, или пак, ќе го обликувате пудингот во украсни калапи, со сецкани ф’стаци и ливчиња бадем…со рендано темно чоколадо, суво овошје, мелени кекси, џем, сирупи, преливи или шлаг…
Долчела пудинзите ве инспирираат и ве повикуваат на суптилна игра во кујната, на добра забава и секако ве наградуваат! Учествувајте во Dolcela наградната игра, бидејќи имате право на благо, но и на награда! (линк)
Dolcela Premium чоколадниот пудинг пробајте го во:
Состојки:
За пудинг:
80 г шеќер
400 мл млеко
1 пакување Dolcela Premiium чоколаден пудинг
За крамбл:
50 г шеќер во прав
40 г масло
20 г брашно Podravka тип 400
50 г мусли
1 лажица Vegeta Maestro мелен цимет
За сирупот од овошје:
80 г вишни
80 г малини
100 г шеќер
50 г масло
50 мл ликер од цреша
½ кафена лажица Vegeta Maestro мелен цимет
2 парчиња Vegeta Maestro каранфилче
½ кафена лажица кардамом во прав
Подготовка:
- Сирупот подгответе го со тоа што полека карамелизирајте го шеќерот, па додајте го маслото и овошјето па откако сè ќе се помеша со карамелот додајте го ликерот и зачините.
- По отприлика пет минути готвење извадете ги зачините (каранфилчето) па со маталка измешајте го и процедете го низ цедалка за да добиете чист сируп и оставете да се излади.
- Крамблот направете го на тој начин што во еден сад измешајте ги сите наведени состојки и распоредете го на тава за печење обложена со хартија за печење. Печете отприлика десет минути на 180 до 200 Целзиусови степени.
- Прашакот за пудинг помешајте го со шеќерот и додајте малку млеко. Останатото млеко загрејте го до вриење и измешајте ја во него припремената смеса со пудингот.
- Готовиот пудинг префрлете го во десертни чаши и додека е уште топол и додајте го сирупот. Оставете го пудингот во фрижидер да се стегне.
- Шлагот помешајте го со бурбон ванила и изматете го. На секој изладен пудинг ставајте шлаг и крамбл и украсете со чоколадо.