Со отварањето на „Ист Гејт Мол“, нашиот пазар се збогати со низа модни брендови, меѓу кои и
светски познатиот бренд „MOHITO“, кој е ланец од повеќе од 300 продавници во Централна и
Источна Европа. Брендот се одликува со оргинален, женствен и урбан стил, а колекциите се креирани за жени со самодоверба, кои уживаат и во елегантентниот и во секојдневниот моден израз. Вистинскиот баланс на овие два елементисоздава интригантни колекции на облека, модни додатоци и накит.
„MOHITO“ е присутен во модниот свет повеќе од 10 години, инспириран од неговата разновидност, непредвидливост и различност. Брендот ја сфаќа суштината на најновите трендови , нагласувајќи ја моќта на автентичната женственост. Жените кои го носат овој бренд, ја сакаат модата, и ја ценат оригиналната, урбана елеганција. Тие се самоуверени, свесни за своите силни страни и способни да ги изразат преку свој уникатен стил.
Брендот нуди облека и додатоци во цела палета на енергични бои и дезени кои ја нагласуваат женственоста без разлика на местото и ситуацијата. На денот на отворањето на новата продавница на „MOHITO“ таа беше посетена од неколку македонски модни блогерки и инфлуенсерки, кои ги избраа своите омилени парчиња и направија неколку свои модни комбинации.
Олга Јосевска извршна директорка на групацијата LPP за Македонија, Албанија и Косово