Со универзална мултифункционална формула, луксузен и соодветен дизајн за патување, Dior ги обновува правилата на грижа на кожата. Le Baume е соодветен за различни типови кожа, различни потреби и различни стилови. Неговата неверојатна заштитна формула го обновува слојот за заштита на кожата, а истовремено ги хидрира и ги негува усните, рацете и телото. Благодарение на строго селектираните активни состојки, овој балм е соодветен дури и за најчувствителната кожа. Практичен дизајн со логото на Dior, Le Baume може да патува секаде и е задолжителен производ во секој несесер за убавина во секојдневието.
Делови на телото што се мета на секојдневните стресори
Секој ден, кожата на нашето лице, усни и раце е мета на стресори што ја оштетуваат јачината на еластичноста на кожата и нејзината убавина. Со ексклузивна формула и активни состојки од дермокозметиката, Le Baume ги обновува и ги заштитува овие чувствителни делови од телото.
За разлика од другиот дел од телото што е покриено со облека, лицето и рацете се помалку заштитени кога се изложени на надворешни влијанија. Тие се чувствителни на факторите од надворешната средина, како што се студ, штетни УВ-зраци, загадување, висока температура и климатски промени, како и алергени, така што со прекувремено изложување на овие фактори, бариерата што ја заштитува кожата се намалува, а со тоа се намалуваат и природниот сјај и еластичноста на кожата. Со сè поголемото изложување на кожата на овие стресори, на кожата на лицето и рацете, како и усните и ноктите, им треба дополнителна нега со цел да се задржи нивната примарна еластичност и цврстина.
– Кожата на рацете што не е покриена со облека не е заштитена од надворешните влијанија и поради тоа е потребен збогатен течен состав за зајакнување на нивната бариера во битката против дехидратацијата.
– Усните се клучна компонента на лицето, кои презентираат негувана и нежна кожа, па поради тоа треба да бидат соодветно негувани и заштитени.
– Лицето покажува поголема видливост на дехидратација (губење вода, чувство на неудобност и намалена еластичност) дури трипати повеќе во усните и образите.
– Ноктите исто така служат за заштита и доколку телото е подложено на дехидратација, тие стануваат кршливи и се лупат.
Овие области кај секого се различно изложени и треба соодветно да бидат заштитени од секојдневните стресори.
Бескомпромисниот одговор од науката на Dior
За Le Baume, науката на Dior селектира високи перформанси и состојки од природно потекло што интензивно ја обновуваат кожата и повторно ја прават убава, дури и најчувствителните делови од кожата што се на директна мета на надворешните влијанија.
Интензивно обновува и измазнува
Во срцето на формулата, екстрактот Centella Asiatica, главното растение со обновувачки перформанси за чувствителна кожа, истовремено извршува две активности: обновување и измазнување.
Зголемување на јачината на бариерата
Паралелно, коктелот од активни состојки од растително потекло овозможува реконструирање на нивоата на липиди на кожата однадвор, хранејќи ја и со тоа спречувајќи ја дехидратацијата. Скваланот, маслото од јојоба и шеа путерот доставуваат есенцијални масни киселини, како што се омега 6 и 9, и на кожата ѝ овозможуваат да се зајакне бариерата на кожата, а притоа се обезбедува нега и чувство на удобност.
Зголемен интензитет на хидратација
Моќното дуо на активни состојки ѝ овозможува длабока хидратација на кожата.
– Глицеринот, познат по своите перформанси за нега на кожата, дејствува моќно со тоа што привлекува вода во подлабоките делови на епидермисот.
– Хијалуронската киселина, со висока молекуларна тежина, природен хидратор на кожата, формира слој на кожата штo дише, ја измазнува кожата и ја пополнува.
Универзална формула со докажани перформанси
Со својата формула, Le Baume се приспособува на различни потреби, различни видови кожа – дури и на најчувствителните тонови на кожата.
Ефикасноста на Dior
Le Baume подложи на голем број тестирања на различни делови на лицето и телото.
Бариерата на кожата се обновува за два часа
Дава до 72 часа хидратација
Мултинаменски формулиран од селективни природни состојки, Le Baume покажа дека е компатибилен за различни видови кожа и различни тонови.
#TIME TO PLAY
Le Baume е исто така соодветен за секое патување и е дизајниран според кодот на Dior за новата генерација на корисниците на нега на кожата. Поради забрзаното темпо на живеење и надворешните стресори, Dior Le Baume може да се користи во секое време и секаде и да биде одличен додаток во несесер или во чанта. Le Baume докажува дека производот за убавина може да биде и високопосакуван и со екодизајн. Компониран со иконскиот мотив и лого од високата селективност, Dior Le Baume е дизајниран да може да се рециклира.