Гледањето кон минатото може да помогне за да се поттикне поголемо ценење за различни работи, вклучително и музиката. Винил плочите денес доживуваат повторно воскреснување кај вистинските љубители на музиката. Големите црни дискови се познати по високиот квалитетот на звукот и по нивната вредност како уметнички предмети. Додека сè повеќе луѓе купуваат и собираат винил плочи, оваа интернет-архива всушност ги зачува звучните записи и ги дигитализира.
Исто како библиотека со книги, оваа интернет архива работи на обезбедување на универзален пристап до целото знаење преку својата платформа. Оваа непрофитна дигитална библиотека за да го стори тоа се здружи со Јавната библиотека во Бостон на почетокот на оваа година и заедно дигитализираа повеќе од 100.000 аудио записи од звучната музичка збирка на Бостонската библиотека.
Директорот на овој проект, вели: „Винил плочите беа нашиот примарен музички медиум повеќе од една генерација. Од Елвис, до Битлси, до Клеш, плочите беа сведок на раѓањето на Рок и на Панк Рок музиката. Тие беа составен дел од нашата култура од 1950-тите до 1980-тите и е важно за нас да ги чуваме за идните генерации “. Овие аудио датотеки никогаш не беа пренесени во дигитален формат, што значи дека нивната содржина е изложена на ризик бидејќи е заклучена во физичкиот винил.
Во моментов, можете да преслушате околу 750 целосни албуми со посета на оваа интернет архива. Посетете ја нивната веб-страница.