Денес, 17 Мај меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
Кампањата вклучува лични пораки од луѓе од ЛГБТИ заедницата кои зборуваат за своето „излегување од плакар“ – познато како coming out, аутирање. Оваа кампања има за цел да даде акцент на значењето на видливоста на ЛГБТИ заедницата преку индивидуалните животни искуства при овој процес и што значи тоа не само како еден од најтешките лични процеси и искуства, но и во пошироки социо-политички рамки. Животите на луѓето од ЛГБТИ заедницата заслужуваат еднаквост и еднакви можности!
“Видливоста на ЛГБТИ луѓето значи отпор, отпор спрема стравот, срамот, репресијата која ни е наметната и воспоставена во сите сегменти од животот! Овие пораки нека дадат и глас за надеж, солидарност за сите од заедницата, но и остра порака до сите одлучувачи – НАШИТЕ ПРИКАЗНИ СЕ ВАЖНИ И ЌЕ БИДЕМЕ УШТЕ ПОГЛАСНИ И ПОВИДЛИВИ ВО НАШИТЕ БАРАЊА ЗА ЕДНАКВОСТ, ПОЧИТ И ДОСТОИНСТВО!”
Кампањата е на националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата во Македонија. Прочитајте дел од приказните на ЛГБТИ лицата кај нас.