Патувањето на Crème De La Mer почнува кога д-р Макс Хубер претрпува несреќа – изгореница од висок степен во лабораторијата и преку тоа самиот се поттикнува да ја креира и да ја промени својата судбина. Воздухопловен физичар преку ден, ентузијаст и креативец навечер, имал надеж дека ќе ги отклучи легендарните скриени исцелувачки моќи на морето. 6.000 направени експерименти и 12 години посветено истражување го довеле до едно благородно сознание: процес на ферментација што ги трансформира морските алги и другите чисти состојки во чудотворен еликсир – Miracle Broth. Овој еликсир за обновување на клетките во срцето на Crème De La Mer конечно ќе направи трансформација на изгледот на сечија кожа.
Едно место на светот
Во недопрените води на островот Ванкувер морските алги рачно се берат во обид да се учествува во нивната одржливост и размножување за генерациите што доаѓаат. Едно од ретките растенија во светот што најбрзо расте со исклучителни саморегенеративни моќи, огромната морска алга е срцето на моќниот еликсир – Miracle Broth.
Уметноста на ферментацијата
Ферментацијата е уметност што работи како алхемија. Индивидуалните состојки можат да подлежат на метаболички процес што ги трансформира во микронутриенти, за да може кожата да ги препознае и да ги преземе. За значителниот процес на ферментација се потребни три до четири месеци и се користи светлосна и звучна енергија со цел да се подобри активноста на морските алги, витамините, минералите и другите чисти состојки, создавајќи целина многу поголема од збирот на неговите делови.
Исклучителен херојски производ – оригиналното чудо на хидратацијата и влажноста
Crème De La Mer – иконскиот крем на брендот La Mer е хидратантен производ со кој почнува целата приказна. Познат по своите трансформативни моќи, помага во борбата против дехидрираноста и сувоста, преку инфузија на влажност и хидратација во кожата преку целиот ден. Кожата изгледа природно младолико и живописно, изгледајќи најдобро досега.
Crème De La Mer овозможува:
– чувство на затегната кожа,
– трансформација во борбата против стареење,
– кожата да се бори против дехидрираност – кожата на допир е мека, нежна, еластична и мазна,
– зголемување на еластичноста, а со тоа се бори против фините линии,
– визуелно намалување на брчките и неправилностите,
– ублажување и смирување на изгледот на видливо црвенило и иритација на кожата.
Зависно од типот и потребата на кожата, Crème De La Mer овозможува избор од три различни текстури на крем за лице:
– Crème De La Mer – соодветствува на многу сува и дехидрирана кожа,
– The Moisturizing Soft Cream – соодветствува на сува до комбинирана кожа,
– The Moisturizing Cool Gel Cream – соодветствува на комбинирана до масна кожа.
The Concentrate – клучна улога за нега на кожата зазема и иконскиот концентрат The Concentrate. Значаен по својата кадифено мазна текстура, прави заштитен слој и дава заштита на кожата, видливо ја смирува и зајакнува. Со двојниот извор на заштита од страна на концентрираниот Miracle Broth, The Concentrate дава високо моќна антиоксидативна заштита. Концентратот се нанесува на дел од прстите и нежно се трие во кожата наутро и навечер, проследен со нежна масажа. Откако ќе се нанесе концентратот, се нанесува Crème De La Mer.