CINEDAYS објавува отворен конкурс за студенти (или дипломирани) режисери, музичари (аматери или професионалци) без ограничувања на возраста. Living music e резиденцијален проект, кој ќе се реализира за време на 20. CINEDAYS во Скопје.
Ментор на проектот е Дарија Андовска, редовен професор на ФДУ и ФМУ Скопје, композиторка, пијанистка и авторка на оркестарска, камерна, солистичка, вокална музика, музика за филм, театар и танц и мултимедијални проекти.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
* Студенти или дипломирани режисери
* Музичари (аматери или професионалци)
(Без ограничувања за возраста)
ДО КОГА ТРАЕ РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ?
Рокот за пријавување е до 31 мај 2021 до 16 часот.
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ?
*Датуми за резиденцијален престој во Скопје од 9 до 19 јули; трошоците за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот се на трошок на организаторот. Формирање 6 тимови од апликантите од страна на комисијата (секој тим е составен од 1 режисер и 1 композитор).
*Активна работа на проектот од 9 до 15 јули , проби на 16 и 17 јули и завршна презентација на 18 јули.
*Spotting-сесии и креирање музика на однапред селектирани краткометражни филмови.
*Композиторите треба да вклучат музичари во живо, ансамбл од 1 до 7 музичари по нивни избор. Музиката треба да биде електронска во комбинација со перформанс во живо или само акустична (перформанс во живо).
*Презентацијата е предвидена како концерт со проекција.
Партиципација за учество во проектот е 100 евра со кои се покриени сместувањето, патните трошоци, работа со ментор и асистент, храна и акредитација за фестивалот. Постојат лимитирани можности за стипендирање на партиципацијата. Ако имате било какви прашања во врска со апикацијата организаторите ви стојат на располагање на социјалните мрежи на МКЦ / CINEDAYS.
Апликација на следниот линк.