Илјадници вработени во британски компании ќе бидат дел од најголемото досега тестирање на четири дневна работа недела. Од јуни 60 компании ќе им дадат на своите 3.000 вработени три дневен викенд без да им се намали платата. Тестирањето е планирано да трае шест месеци, а ако резултатите се со позитивен исход тогаш има шанси целосно да се примени овој модел.
Ова тестирање ќе биде надгледувано од академици од институции како универзитетите Оксфорд и Кембриџ. Тестирањето го надминува и тоа на исландската влада и градскиот совет на Рејкјавик во кое учествуваа 2.500 работници и заврши во 2019 година.
Резултатите од тоа истражување покажаа успех во продутивноста и целосното здравје на работниците. Некои синдикати во земјата се обидуваат да ги направат промените постојани со преговори за договорите на работниците.
Британското тестирање покрива неколку разни компании, од развој на софтвери преку локални продавници за fish and chips, пивари и телекомуникации.