Новата комплетна линија за нега на лице bioten Vitamin C е збогатена со стабилен и високо толерантен витамин Ц. Преку моќно осветлувачко, антиоксидантно и дејство против стареење, до блескав, ревитализиран и младешки изглед.
Новата линија на bioten Vitamin C:
– Дневниот и ноќниот крем против брчки содржат 100% природен екстракт од портокал и лимета, богати со антиоксиданти, и уникатна комбинација на активни состојки кои помагаат во одржувањето на убава кожа со здрав изглед. Витаминот Ц ја обновува и осветлува вашата кожа на природен начин. Како силен антиоксиданс, тој ја заштитува кожата од знаците на предвремено стареење и од оксидативниот стрес. Витаминот Б3 вклучен во формулата е исто така многу корисен за кожата. Toj го засилува дејството на витаминот C, ги намалува темните дамки и дисколорации и го балансира нерамномерниот тен на кожата. Како резултат,кожата е ревитализирана и осветлена. Д пантенолот и хијалуронската киселина содржани во формулата, ја подобруваат хидратацијата и еластичноста на кожата, оставајќи ја мазна и еластична.
– Ампули за осветлување и против стареење на кожата, кои содржат 5% моќен комплекс на витамин Ц и осветлувачка аминокиселина. Стабилниот и високо толерантен витамин Ц помага во заштита на кожата од иритации и делува против нејзиното предвремено стареење. После 15 дена: Тенките линии и брчки на лицето се намалуваат.
– Лист маска која е совршена за ревитализација и осветлување на дехидрираната кожа. Секојдневниот живот, стресот, заморот и влијанието од животната средина имаат различни ефекти врз нашата кожа, како што се дехидрираност, недостаток на сјај, појава на тенки линии итн. bioten Vitamin C лист маската е совршен третман за ревитализација и осветлување на дехидрираната кожа. Маската е збогатена со витамин Ц, ниацинамид (Витамин Б3) и екстракт од портокал познат по своите регенеративни и осветлувачки својства. Погдена за сите типови на кожа. Дерматолошки тестирано. Докажана ефикасност: За 15 минути, кожата изгледа посвежо, поздраво и посјајно. Добива измазнет и хидратизиран изглед полн со енергија. За 2 недели, кожата е затегната, а нејзиниот тен е ревитализиран.
Може да се користи 365 дена во годината.
• 90% состојки од природно потекло
• Веган пријателски производ
• 100% природен екстракт од портокал и лимета
• Нашата фабрика применува систем за управување со енергија ISO 50001, сертифициран од TUV Грција.
• 100% рециклирачки материјал
• Стаклена тегличка изработена од 30% рециклиран материјал
• FSC сертифициран, картон од одговорни извори