Драги читатели, ви ги претставувам моите визуелни и текстуални гастрономски записи, делови од журналот на еден ентузијаст, љубител на добра храна и амбиент, со пристојно познавање на материјата, а непристојна големина на стомакот. Магични места, од бетонски ќошиња, до Michelin ѕвездички. Real street food Tom Hagen, со почит, Tastefull Consigliere.
Мој избор за оваа наша прва дружба се јадења и места што ги обожавам. Изборот на јадења беше комбинација од street food, ресторански модификации и желба за експериментирање.
Пица во Пелистер
Општествената меланхолија најчесто настојуваме да ја ублажиме, со добра „лапачка“, па затоа седнавме во Кризниот штаб @pelisterskopje и одлучивме да експериментираме со варијации на тема пица како pre common dish со не толку common состојки. Јас лично сум голем љубител на romano style pizza, тенко и крцкаво тесто, најмногу што може, а не толку на napoli style, што е тесто со помпезна, дебела структура. Пицата што ја креиравме се состои од bianco база. Избравме butter based тесто, за дополнителен придонес кон крцкавоста, наспроти доматен сос кој создава мала форма на влажност, горгонзола, аспарагус pickled изведба на кромид, кој е отстојан во маринада од сол, шеќер и оцет. Концептот беше избран за базата да биде лесна, горгонзолата да даде интезивен вкус и кремавост, аспарагусот да даде структура и блага доза на earthiness како зеленчук и кромидот со својата ацидност, жаргонски кажано да ја отвори пицата, да ја разбие тежината на горгонзолата што е носител на состојките во мојот избор. Одлучивме да експериментираме и да биде дел од неделното мени во Пелистер.
Галерија 7
Едно од скриените скопски богатства според мене е Галерија 7 во Чаршија. Ова искуство нуди автентичен калдрмски дух, by the book добар лахмаџун, порочно добро пиде со суџук и кашкавал, без конкуренција најдобриот домашен ајран и во случај да се чувствувате ултра амбициозно, домашен лут сос, ифрит лут. Секогаш добар чаршиски vibe.
Вечерен избор на вкусови
Петок 22ч.
Расположен за дружба во доба на светска пандемија, секако по протокол овој петок во нашиот Кризен штаб Пелистер изборот падна на: Прво, моја лична интерпретација на познатиот chilly cheese fries со етно примеси, односно македонската Jalapeno широко позната како феферона. Оваа порција е подеструктивна и од пандемијата. Второ, наш избор беше канелони полнети со рикота, вргањ и шитаке.
Чувајте се, уживајте во задоволството што го пружа секој залак добра храна до следното мое обраќање stay safe.
*Текстот не е лекториран за да се задржи автентичноста