На македонскиот пазар Bellina како бренд се појави во 2016 година и за само шест години успеа да прерасне во најголемиот увозник и дистрибутер за сертифицирана природна и органска козметика во Македонија. Токму денес, Bellina го слави својот шести роденден.
Моментално, во нивната палета можат да се најдат над 2.000 производи од 38 различни брендови, понуда што континуирано се зголемува и се надградува. Крајната цел, како што велат од Bellina, не е само да се подобри понудата на козметика на нашиот пазар туку и еднакво важно е да се крене еколошката свест кај македонските потрошувачи и свеста за грижата за себе.
Освен традиционалните козметички категории, како нега за лице, тело и коса, во нивната палета може да се пронајде речиси сѐ што ви е потребно во вашето секојдневие, на пример нега за деца и бебиња, за домашни миленици, козметика за домаќинство, лична хигиена и сл. Секако, за секој производ се следи филозофијата на компанијата, која нуди исклучиво природна и органска козметика, најчесто сертифицирана од најреномираните светски сертификатори, како Ecocert, ICEA, Vegan Association, Cruelty Free International, Fair Trade и многу други.
Токму оваа година, од Bellina најавија неколку нови категории со природни и органски производи. По првпат понудата се проширува во категоријата декоративна козметика, па така годинава се планирани неколку нови брендови за природна и органска шминка. Од Bellina најавија и проширување во делот на палетата за бебиња, со целосно нова категорија – еколошки пелени.
Сепак, најголемиот новитет и подвиг за пофалба, за кој од Bellina имаат големи планови, се брендовите во исто така новите категории за органска храна и суплементи. Она што најмногу нè израдува е најавата за новиот биошоп, трет по ред, најголем и најснабден досега. Нивната продажна мрежа наскоро ќе се збогати со уште една прекрасна и модерна локација во населбата Тафталиџе.
Додека сите почнати проекти се финализираат, ве охрабруваме да го посетите нивната интернет-страница www.bellina.mk или некоја од постојните продавници, во Капиштец или во „Ист гејт мол“.
По повод роденденот, од тимот на Bellina организираа многубројни изненадувања и понуди, што ќе ја направат вашата посета уште повозбудлива. Една од акциите што ги подготвија е доделување подарок, за секоја процесирана нарачка онлајн или купување производи во некоја од продажните локации, на денот на роденденот, денес, 01 март.
Од Bellina ве покануваат да бидете дел од прекрасното искуство и дружење