Зошто стереотипната навика да се подарува само на родендени и празнични датуми е нормална и очекувана состојба? Подарокот најчесто се поврзува со нешто кое го купуваме за да се изненади некоја драга личност, без разлика дали е без или со повод. Но многу ретко или воопшто не ни текнува дека подарокот може да биде наменет токму за оној кој го купува и смислува. Љубовта и грижата кон и за себе, е еднакво важна како љубовта кон и за другите.
Излегувањето од конформистичкиот начин на размислување дека се подарува само за новогодишните празници, или за одредени јубилеи, родендени, имендени, е целосно ослободување и правиот пат кон посветување на значителен дел од сопственото време за себеси и кон сето она коешто нè исполнува, инспирира и кое го сакаме на автентичен начин.
Зарем секој месец и секој ден не е нова шанса да се изненадиме себеси и да се наградиме со љубов во различни форми, доволна да ни даде елан за следниот ден. Сакајќи се себеси, секогаш подобро можеме да ги сакаме другите.
Со вечната пасија кон бесконечните модни трендови и нови стилови, кој не би бил инспириран да подарува, да искаже љубов и да ужива во моментите на среќа? Зборовите се супер, но делата се “скриениот дијамант” кога станува збор за покажување внимание и предизвикување среќа кај некого, но кога истото е поддржано и со подарок, радоста станува уште поголема.
Како премиум шопинг дестинација, чии врати се отворени секојдневно за сите возрасти, сите вкусови, сите желби, – Ист Гејт Мол, како најголем шопинг центар од европски ранг во регионот, е местото за сите ваши подароци, за саканите и за себеси. Со 250 продавници исполнети со оригинални и разновидни колекции на голем број реномирани и препознатливи, домашни, регионални и светски брендови, од кои 40 се уникатни брендови достапни само во оваа шопинг престолнина во земјата, Ист Гејт Мол е “it” местото за вашето совршено утро, попладне, вечер.
Со палета од понуди со разновиден спектар на производи од мода, нега и убавина, декорации за домот, најнова технологија, спортска облека, обувки и опрема, фитнес центар, како и диверзифициран кулинарски сегмент со привлечни вкусови од различни кујни, – изборот и одлуката да најдете најразлични видови на модерна облека, чевли, убав накит, нов часовник, очила, телевизор, аксесоари, или декорации за вашиот дом, – се сепак и повеќе од лесни.
Во шопинг приказната на 5 нивоа, просторниот Ист Гејт Мол нуди комфорен шопинг без стрес, и вистинско уживање во одбирањето на подароците.
Вториот месец од годината, можеби нè асоцира на Валентајн и љубовта кон другите, но нe би требало да заборавиме дека е и месец за посветување на грижа за себе и на сè што нè исполнува и нè прави да се чувствуваме живи.
Идеите за разубавување и создавање на поудобен дом со нов тренди украс, нова опрема, облека и спортски аксесоари за поздрав живот и поинаков лајфстајл, можат да бидат реалност. Ист Гејт Мол нуди и повеќе од разновиден избор. Ваше е само да направите листа од вашите желби, без разлика колку и да е долга.
За нова опрема за вежбање BUZZ, Nike, Intersport, Sport M, Adidas, како и Under Armour која е единствена продавница за овој светски спортски бренд, чие заштитно лице е познатата холивудска ѕвезда, The Rock. За освежување и внесување на модерна нота во вашиот дом со нов мебел, постелнина, декорации за различни ентериери, Zara Home, Madame Coco, Özdilek, ЈYSK, Comodita, имаат сè па и многу повеќе од она коешто може да го креира вашата фантазија за како сакате да изгледа вашиот дом пред започнувањето на пролетта.
А омилениот дел од денот на секоја дама? Нега на својата убавина. Во Ист Гејт Мол во FabuSpot е достапна глобално познатата MAC козметика, и ова е единственото продажно место на овој бренд во државата.
Cosmo, L’Occitane, Kiko Milano, но и органска козметика од Bellina Cosmetics, Yeppeuda, Natura Therapy се она коешто може да ја материјализира нашата пасија кон негата на сопствената убавина.
Покрај тоа што можете да најдете уникатно парче накит и очила во Bozinovski, Dioptra Optics, Prima Optics, Oliver Weber, Pandora, Rebecca, Parfois, Sigma, ZIA, секако присутни се и најновите модни колекции на Zara, Calvin Klein, Mango, Cropp, Mohito, Reserved, XYZ, Tommy Hilfiger, Armani Exchange, Oysho, Gant, Valentino, Patrizia Pepe, Twinset, и уште многу други.
Ист Гејт Мол е местото кое ги задоволува сите очекувања на своите посетители и претставува одлично место каде можете да го најдете вашиот совршен подарок.
Моќта на подарувањето за себе крие голема моќ, а истата има само едно име, – љубов.
Ист Гејт Мол те сака.
Ти си центар.