AVON Фондацијата за жени донира 7.000 долари на кризниот центар „Надеж“, за поддршка на СОС линијата за жртви на семејно насилство, како и за обезбедување на соодветни услови во нивниот згрижувачки центар во период на физичката дистанца и изолацијата предизвикана од пандемијата.
“Нашиот кризен центар е исклучително благодарен на AVON за повеќегодишната поддршка. Нивната донација ќе ги унапреди нашите услуги и помош; ќе помогне да ги држиме нашите врати отворени, истовремено овозможувајќи дополнителна поддршка за нашиот стручен тим кој ја води националната линија за помош и поддршка 15 315, во исклучително специфични и отежнати услови. За време на овој период на физичка дистанца и зголемена изолација, сакам жените да знаат дека не се сами“, изјави Маја Дилберова, Претстедател на Кризниот центар „Надеж“.
АVON Фондацијата за жени во светот неодамна ја објави финансиската поддршка од 1 милион долари распределена во грантови наменети за 50 центри и хуманитарни организации ширум светот. Грант-програмата за итна поддршка е лансирана истовремено со кампањата на AVON #ИзолиранаНоНеСама (#IsolatedNotAlone), како одговор на порастот на бројот на случаи на семејно насилство за време на изолацијата и физичката дистанца поради корона вирусот.
Финансиската поддршка ќе обезбеди неопходна помош за над 250.000 жени и деца кои се под директен ризик или веќе трпат семејно насилство. Грантовите се распределени во 37 земји од Европа и Латинска Америка. Донацијата од 1 милион долари е во линија со кампањата за свесност на AVON со која се крева гласот против зголеменото насилство како резултат на изолираноста поради пандемијата со Covid-19.
Во партнерство со сестринскките брендови Aesop, The Body Shop и Natura, AVON ги повикува владите во светот постојано да го имаат во предвид проблемот со семејното насилство и да го зајакнат финансирањето и и ресурсите за справување со зголемената статистика на насилство. Компаниите го искористуваат својот глас за да допрат глобално до 200 милиони корисници во 110 земји и да ги повикаат луѓето да ја поддржат кампањата.