Александра стана првата Македонка која доби „Еми“ награда. Таа ја доби наградата за визуелни ефекти за епизодата „Су‘кал“ во серијата „Стар Трек – Дискавери“. Александра веќе еднаш беше номинирана во 2019 година, но тогаш наградата ја освои серијата „Игра на тронови “.
Александра неколку години работи како продуцент за визуелни ефекти во Холивуд. Таа има две дипломи од универзитетот УКЛА и има работено на неколку познати серии.
Портрет и посакува уште успешни проекти!