Кожата на новороденчињата, а особено на предвремено родените бебиња, е исклучително нежна, тенка и чувствителна. Токму затоа уште од првиот ден ѝ е потребна безбедна, клинички тестирана и внимателно формулирана нега.
Воден од оваа потреба, брендот Becutan, во соработка со педијатри и дерматолози, ја создаде линијата Becutan Sensitive – наменета токму за најчувствителната кожа. Дел од оваа линија е кремот Becutan Sensitive SOS, специјално формулиран со внимателно избрани состојки за интензивна нега, смирување и заштита на чувствителната и иритирана кожа кај новороденчињата и малите деца.
Клинички потврдена безбедност
Ефикасноста и дерматолошката подносливост на кремот Becutan Sensitive SOS се потврдени со клиничка студија спроведена во болнички услови кај предвремено родени бебиња – една од најчувствителните групи.
Целта на студијата беше да се процени подобрувањето на состојбата на кожата, особено во регионите склони кон иритации – лицето, рацете, телото и пеленската регија – како и да се следи дерматолошката подносливост, ефектот врз црвенилото, сувоста и можните воспалителни промени.


Во текот на шестмесечното клиничко следење:
- учествуваа 400 предвремено родени бебиња според строго дефиниран протокол;
- беа вклучени 5 здравствени установи;
- кај 100 % од испитаните бебиња не беа забележани несакани ефекти.
Овие резултати ја потврдуваат високата безбедност на производот при континуирана, секојдневна употреба уште од најрана возраст.
Нежна формула со видливи резултати
Клиничките резултати покажуваат:
- одлична подносливост без иритации при нанесување;
- подобрена хидратација уште од првата употреба;
- лесно нанесување и брза апсорпција.
Кремот Becutan Sensitive SOS е наменет за секојдневна употреба на лицето, телото и пеленската регија. Помага во смирување на црвенилото, сувоста и иритациите, додека истовремено ја поддржува природната заштитна бариера на кожата.
Со клинички потврдена формула и резултати добиени во реални болнички услови, Becutan Sensitive SOS претставува сигурен избор за родителите кои сакаат повеќе од обична нега – проверена и нежна заштита за своето дете уште од првиот ден.

