По повод десетгодишното присуство на македонскиот пазар, Bellina BioShop ја отвори обновената и проширена продавница во Капиштец, на ул. Народен Фронт 3/3, носејќи уште побогат избор на органски, природни и еко-френдли производи за секојдневна грижа и здрав живот.
Во изминатата деценија, Bellina се изгради како едно од препознатливите места за љубителите на органска храна, природна козметика и одржлив начин на живот, а довербата кај купувачите ја темели на внимателно селектирани производи со сертификати за органско потекло и безбедност.




Со ре-отворањето, продавницата добива значително проширен асортиман кој вклучува најголем избор на органска храна, природна и органска козметика, еко производи за домаќинство, производи за бебиња и деца, како и специјализирана нега за миленици. Концептот останува ист – внимателен избор на производи што ја спојуваат природата и современата наука, нудејќи решенија кои се нежни за кожата, поддршка за здравјето и одговорен избор за животната средина.
По повод отворањето, од 18 до 23 мај 2026 година, секој купувач ќе добие подарок – производ за нега на кожа од колекцијата за сончање. Во понудата се смирувачка крема со кокос и пантенол, водоотпорен лосион за тело SPF50, балансирачка крема SPF50 и хидратантна крема SPF30 – производи создадени со комбинација од природни состојки и современи формули за заштита и нега на кожата.
Новата Bellina продавница во Капиштец претставува уште еден чекор во развојот на брендот кој веќе 10 години гради препознатлива приказна за квалитет, доверба и одговорен избор. Посетителите овие денови ќе имаат можност одблиску да го откријат новиот простор и внимателно селектираниот асортиман што го следи современиот, свесен начин на живот.






