Патување во Париз за три лица освои најсреќната учесничка Ана, во наградната игра „Bonjour Bourjois“, чие извлекување беше пропратено со прекрасна вечерна забава на која присуствуваа сите кои беа дел од кампањата.
Вечерта, беа додели уште 25 награди на среќни добитници, односно пет сетови со пакет производи „Bourjois“, професионална шминка во Студио „Фран“ и шопинг ваучер во вредност од 6.000 денари, како и 20 пакет производи.
„Навистина сме пресреќни што им овозможивме на нашите корисници што покрај тоа што уживаат во нашата врвна козметика, да добијат и вредни награди. Забележавме огромен интерес за учество и за нас е тоа најважно, бидејќи ја потврдува лојалноста на нашите корисници“, истакнаа од компанијата „Орбико“.
Организаторите посочија дека среќниот израз на лицето на добитничката на главната награда, која ќе замине на незаборавно патување во Париз заедно со уште две лица, е доказ за нивната посветеност и внимателност кон своите корисници.
„Нашата главна мисија е да имаме постојана конекција со нашите соработници и навистина сме горди што познати личности и мејкап артисти го препознаваат квалитетот и уникатноста на „ Bourjois“ и со задоволство се вклучија во кампањата за наградната игра, што придонесе за уште поголема популарност, а исто така и беа дел од извонредната забава на која се спроведе извлекувањето на наградите“, потенцираа организаторите.
Во кампањата учество зедоа многу познати и влијателни лица од Македонија, меѓу кои и Лила Филиповска – ТВ водител, Јелена Спенџарска – ТВ водител, Маријана Станојковска – ТВ водител, Елена Живот со стил, Каљтрина Круезиу Балаш, Луна Стефаноска, Иларија Кирилов, Есин Зекир, Моника Стефановска, Фроси Фран, Ксенија Николовска, Ангелина Китаноска (КТН), Оливија, Бојана Делидинкова, Џанан, Мејк Ап Мери и други.
Оваа наградна игра исто така поттикна многу лица да го потврдат квалитетот на „Bourjois“ производите, а со тоа козметиката ја зајакна својата позиција на пазарот.
„Горди сме на она што им го нудиме на купувачите, горди сме на целиот труд што го вложуваме сѐ со цел тие да добијат исклучителни производи, а при тоа и да се забавуваат. Декоративната козметика на „Bourjois“ е магија што треба да се почувствува“ затоа ќе продолжиме без задршка да ги радуваме нашите клиенти“, заклучија организаторите.
Наградната игра траеше два месеци – од 15 ноември 2024 до 15 јануари 2025 година.
Добитниците на наградната игра може да ги погледнете на следниот линк: https://raffle.puzzleconnection.eu/.
Видеото може да го погледнете тука: https://www.instagram.com/reel/DFVSHSZNCYk/?utm_source=ig_web_copy_link