“Be.” ја враќа жената на своето вистинско место, онаму каде секогаш припаѓала, истакнувајќи ја нејзината моќ и нежност во исто време исто како и нејзината храброст и искреност. Моделите на “Be” се изработуваат за жени и главната улога на секое парче облека е да ја прати жената во чекор во нејзините утра полни со обврски и грижа за блиските, да и помага да остави незаборавен впечаток на нејзините работни состаноци, навечер, ја комплетира нејзината убавина придружувајќи ја на коктел, дејт, настан… таа толку пријатно се чувствува во оваа облека што ја носи како дел од себе.
Затоа за жената “Be.” која што знае да биде истовремено динамична и мирна, доминантна и повлечена, внимателно се избира дизајнот, материјалот, изработката, додатоците , сѐ е бескомпромисно врвно и сето ова се става во служба на жената што ќе го носи парчето “Be”.
Носете го “Be.” со љубов затоа што и со љубов е направено.
Биди Моќна
Отелотворување сила и самодоверба со самиот дизајн, ојачувајќи ја жената “Be.” да направи смело разголување на личниот идентитет преку облеката на себе.
Биди Смела
Жената “Be.” е бесстрашна да турка граници, да ги предизвикува општествените норми и да биде своја.
Биди Нежна
Жената “Be.” нескромно ја истакнува нотата на нежност и благодарност во сѐ што прави.
Биди Искрена
Жената “Be.” се соочува со животните предизвици гордо и брутално искрено.
“Be.” е начин на живот и став што ја слави уникатноста и моќта на личноста која ја чувствува крајната слобода да биде своја.