ICON – новите парфеми од DSQUARED2 за момци и девојки, преку црнaта и белата боја ги симболизираат контрастните и комплементарните карактеристики на младите генерации. Двата мириси, како јинг и јанг, се различни по нивната индивидуалност, но исто така кога се спојуваат, создаваат симфонија од хармоничен контраст, доловувајќи ја суштината на гламурозната врска помеѓу партнерите. Истакнувајќи ја индивидуалноста, истовремено се претставува силната поврзаност и привлечност еден кон друг.
Женскиот парфем започнува со цитрусни ноти кои внесуваат свежина и енергија, допирот на розовиот бибер, додава живост и ентузијазам. Срцевата нота е хармоничен спој на јасмин, што дава женственост и пралине, што создава неодолива привлечност. Основната нота се отвора со топлината на сандаловото дрво, сензуалноста на мускот и слаткоста на ванилата.
Машкиот парфем се отвора со цитруси под сонцето преплетени со освежувачката топлина на ѓумбирот. Енергија што ја доловува суштината на спонтаноста и ја поставува сцената за фасцинантниот контраст и комплементарност кои следуваат. Срцевата нота е комбиназија од жалфија, лаванда и гераниум и ексклузивното црно лале кое додава совршена цветна мешав ина која им пркоси на традиционалните норми. На крај следуваат топлите, дрвени ноти кои се спојуваат со земјената суштина на кедровото дрво со длабочината на пачулито, создавајќи чувство na приземјена елеганција.