Кога размислувам зошто и сега, на 40 години, не сум добра во менаџирање на моите финансии, сфаќам дека тоа се учи, се негува од многу рана возраст. Кога, за време на моите студии, добивав определен износ средства од моите родители, што требаше да го распределам за цел месец, а имав и месечен, редовен хонорар од мојот одбојкарски клуб, повторно за неколку дена останував без пари, трошев пари на нешто што не ми е потребно, често немав доволно за работите што ми требаа. Едноставно, немав свест за менаџирање на моите финансии. Бев финансиски ограничена и тоа се одразуваше на многу мои одлуки и избори.
Патот на финансиската слобода на младите не е краткотрајно патување, но колку порано се почне да се делува, толку побрзо се стигнува до финансиска слобода и независност. Денес, младите луѓе се многу поинформирани, финансиски освестени и се чувствуваат многу повеќе слободни и независни. Кога се формира месечен буџет, многу е важно точно да се земат предвид месечните приливи и трошоци. Јасно дефинирани месечни трошоци даваат чувство на сигурност, контрола и свесност каде одат средствата и на тој начин младите се многу похрабри да прават финансиски одлуки.
Креирањето на здрави финансиски навики треба да се всади во најраните години за одговорно финансиско дејствување во иднина.
Со новата кампања „Мој вајб на мој начин“ и пакетот за млади „Vibe on“, Шпаркасе Банка ја потврди заложбата за инвестирање во младите и покажа дека е сојузник на секој млад човек кој сака да се избори за својата финансиска слобода.
Бесплатниот пакет за млади „Vibe on“ е приспособен да ги задоволи потребите на новите генерации и нивните уникатни аспирации. Пакетот е наменет за сите млади на возраст од 15 до 25 години и вклучува: бесплатно месечно одржување на трансакциска сметка, бесплатна Visa дебитна картичка, бесплатно користење S-Banka мобилна апликација и сите услуги што се достапни преку апликацијата, односно плаќање, користење на услугата „Плати на пријател“ и „Подели сметка“, како и две бесплатни подигнувања на готовина месечно кој било АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе Банка).