1.Торбата Frakta
Незаборавен момент во модата од 2017 е излегувањето на торбата (тоте) за пазарење на францускиот бренд Balenciaga (1694€), што многумина потсети на славната Икеа Frakta торба (0.75€) што речиси сите ја имаме дома. Маркетинг тимот на Икеа беше неверојатно брз со својата реакција. Нивната реклама ги прикажа двете торби, една до друга, зардно со совети како да го разликувате оригиналот XXL Frakta од „копијата“. Со тоа постигнаа повеќе од милијарда импресии на социјалните медиуми.
2.Столчето Bernie
Што се случи кога во медиумите се појави фотографија од американскиот сенатор Берни Сандерс, како седи стуткан и намуртен со дебели плетени ракавици на инагурација на Џо Бајден? Мемиња, многу мемиња. Икеа, повторно не ја пропушти можноста за уште една брз и особен успешен реактивен маркетинг потег, со ироничното ‘get the look’ со нивната кујнска ракавица од 3.99€ и столчето од 6.99€. Чекор напред беше преименувањето на столчето во Bernie.
3.Пешкир-здолништето VINARN
Икеа се појави како неочекуван протагонист на онлајн модната сцена, повторно поигрувајќи се со луксузната модна куќа Balenciaga и нивното неодамнешно лансирање на пешкир-здолништето од 850€ од колекцијата Пролет 2024. Реакциите кои се движеа помеѓу неверување, хумор и потсмев за новиот производ ги наполнија Инстаграм и ТикТок. Икеа, секако, се појави со своја верзија, објавувајќи фотографија слична на онаа на Balenciaga, со нивниот производ, пешкирот VINARN и напиша: Ви го претставуваме VINARN, пешкир-здолништето, неопходно модно парче за пролетта 2024.